СИЛЈАНОВСКА ПРЕЧЕКАНА КАКО ПОБЕДНИК ВО БРВЕНИЦА: Професорката на средба со граѓани во тетовско Брвеница, пречекана како претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оствари средба со жители на населеното место Брвеница.

Г-ѓа. Силјановска Давкова од жителите од населеното место Брвеница беше дочекана како веќе претседател на Република Македонија. Пред насобраните жители г-ѓа. Силјановска Давкова искажа благодарност за убавата гостопримливост, дека и е мило што е меѓу граѓани кои ја прифаќаат како иден претседател на државата, и што ги подржуваат нејзините идеи како дел од кампањата за подобра и поубава Македонија.

Овие избори не смеат да се бојкотираат, иако за референдумот обратно велев. Бидејќи не можете да дадете легиминитет  на нешто што не е само нелигитимно туку и нелегално, спротивно на меѓународното право и на националното право, порача г-ѓа. Силјановска Давкова од Брвеница.

Г-ѓа. Силјановска Давкова  појасни на граѓаните дела очекувала по неуспешниот референдум, премиерот да поднесе оставка бидејќи тоа е европски ред. Така прават сите премиери кога нема да успее референдум, но тоа тој не го стори. Откако беа паднати на земја ден, два потоа си продолжија иако во законот за референдум и други форми на лично изјаснување има јасна одредба дека резултатот од референдумот мора во рок од 60 дена да се одрази на сите постапки и на донесувањето на акти, но тие си продолжија со промена на Уставот заборавајќи дека нивниот легиминитет извира од граѓаните кои рекоа не.

На крајот од средбата г-ѓа. Силјановска Давкова порача дека со победа на избори, ќе победи и Македонија, ќе се стави крај на сите нерегуларности кои ги има сторено владата до самото свое стапување на власт.

 

Силјановска од Брвеница пречекана како претседател!

Силјановска од Брвеница пречекана како претседател!

Posted by infomax.mk on Saturday, March 2, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This