Силјановска: Секој што се огрешил пред законот треба да одговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевезија 24 се осврна областите право и правда.

Според неа актуелната ситуација и постапувањето на правосудните институции говори за квалитетот на судството.

„Нема ни право, нема ни правда, има партизирана, политизирана држава“, рече професор Силјановска.

Професорката се повика на податоци од проект за владеење на правото, во кој има индекс на владеење на правото и се контастира дека Македонија во 2018, во 2019 година е хибриден режим. Говорејќи за СЈО и случајот Рекет, професорката посочи дека во случајот Рекет не е можно мозокот на операцијата да се поранешната јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан 13.

„СЈО се појави зошто не го биваше јавното обвинителство кое беше најобојуваната институција. И ние велевме кој да биде обвинител не Зврлевски, не Јовевски, нека биде некој од фелата некој од професорите како Калајџиев“, рече Силјановска.

Според неа лошо стартуваше реформата на правосудството.

„Што се случува кој ја започна реформата премиерот кој го водеше телото за реформа, што се случува сега пукаат боmби, а во новиот Закон за јавно обвинителство боmбите не се доказ, рече Силјановска која укажа дека претседателот Мицкоски јасно кажува секој што се огрешил треба да одговара.

„И јас сметам дека секогаш кога има индиции треба да има постапка“, рече Силјановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This