СИЛЈАНОВСКА СО ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ: Закон над законите е Уставот и ќе бидете патриот во неговото реализирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Вие може ако сакате, ако вие мила само власта, за се да се согласите. Меѓутоа ќе ги изгубите следните избори или гласачите ќе ги шокирате, бидејки ќе заклучат дека:  Па ние  не ви дадовме мандат за ова за што вие разговарате и преговарате, бидејќи мандатот се добива на избори со програмата која што била презентирана, а не post festum и не врз основа на дискрециони права. Значи во рамките на уставната рамка, оти владеење на правото ззначи дека прво ќе си признаете дека lex superior – закон над законите е Уставот и ќе бидете патриот во неговото реализирање. Се друго следи, констатираше Професорката Силјановска..

Професорката Силјановска, зборуваше за политичката криза во земјава и за апсурдноста на барањата во Платформата на албанските партии:

-Петте барања имале статус на заклетви и сега кога имате термин заклетва сериозен е проблемот! Тоа звучи некако религиозно, оти кај што има заклетва има и заповед.  Таму многу тешко можете да отстапите од нешто што сте го промовирале во заклетва, значи во дијалог неможе да има заклетва. Резултатот од дијалогот не е познат од напред , туку е резултат на креативна аргументација и затоа уште во стартот треба да се влезе со добра волја, ама и со решеност дека ништо не е нерешливо и ништо неможе да има статус на заклетва.

Професорката потсети и на Охридскиот договор, кој толку многу беше спомнуван од Албанските политички партии кои со полни усти зборуваа за негобвата реализација, а подоцна и за неговот надградување.  За сега наеднаш да излезат со барања кои всушност никаде ги нема во тој Охридски договор:

– Она што мислам дека не се чита или не се сака да се чита од Охридскиот договор, се всушност воведните одредби. Целта на Охридскиот договор не е етнократија, бидејки етнократијата не е модел на демократија, туку мирен и хармноничен развој на граѓанско општество се разбира со почитување на правата на сите припадници на заедниците. Не знам дали е на линија, дали се на линија многу од овие предлози ?!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This