April 24, 2024, 12:56 pm

СИЛЈАНОВСКА: Ќе креирам уставна рамка за да имаме функционална демократија во државата и вистинска поделба на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија посочи дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе предложи конкретни промени за подобрување на животот граѓаните. Таа вели дека ќе креира уставна рамка за конечно во Македонија да добиеме функционална демократија и вистинска поделба на власта.

-Јас предлагам конкретни промени, тоа го сторив и на Конвецијата, тоа го сторив и на вчерашната средба јас предлагам прво користење на уставните овласувања на претседателот на сосема поинаков начин од сегашните. Јас предлагам и посочив дека ако успеам како овластен предлагач на амадмани, а ќе успеам ако ме изберат да направам комисија која ќе го отвори од суштински аспект прашањето на Уставот за да креира уставна рамка за функционална демократија во Република Македонија па да не е важно кој ќе дојде на власт од прашањето на поделбата на власта која ја нема. До прашањето на кохабитацијата и соработката до квалитетот на кабинетот на претседателот, до ветото до обраќањето кое што секогаш беше само еднаш, а сега треба по мене да биде секогаш кога претседателот ќе сака да им предочи на граѓаните што се случува и кои се проблемите во државата. Значи тоа се конкретни предлози, вели Силјановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This