СИЛЈАНОВСККА: Одлуката за почеток на уставни промени е незаконска, односно нема правен основ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска Давкова со ставови во врска со пропаднатиот референдум, Преспанскиот договор, претседателот Иванов и истражната постапка и уставните измени.

Силјановска Давкова смета дека референдумот не даде основ за пристапување кон уставни измени.

Постапката со референдумот е „правен вампиризам. – истакнува во интервју за ПресингТВ, професоката од Правниот факултет на УКИМ, „Јустинијана Прима“, Гордана Силјановска Давкова. Таа додава дека одлуката за почеток на уставни промени е незаконска, односно нема правен основ.

Силјановска вели дека ако до сега нејзини колеги мислеле дека Македонија е слаба држава, сега некои од активностите што се случуваат наведуваат на заклучок дека „се работи за пропадната држава, или за држава во распаѓање“.

За предистражната постапка која Основното јавно обвинителство ја спроведува против шефот на државата и врховен командант на оружените сили, таа потенцира дека „само Уставниот суд може да ја оценува работата на претседателот на државата врз основа на импичмент“.

Професорката Силјановска истакнува дека наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор, а како еден од нив наведува е тој што „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“.

Таа предупредува дека чекориме кон нешто што другите не можеа и не смееа да го сторат – одиме кон себеуништување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This