April 19, 2024, 12:29 pm

СИЛЈАН АВРАМОВСКИ ЌЕ ГО „РЕФОРМИРА“ УБК: Човекот кој го следеше ВМРО-ДПМНЕ две децении, сега ќе ја реформирал тајната полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс министерот за внатрешни работи и началник во УБК, Силјан Аврамовски е именуван, од страна на владата на СДСМ, да раководи во спроведувањето на реформите во безбедносните служби. Тој цело време беше на високи позиции во УБК, вклучувајќи и заменик директор, а беше и официјален офицер на ЦИА за што е и јавно одликуван.

Тој е претседател на работната група за изготвување и следење на имплементацијата на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015-та година.

Аврамовски е еден од поранешните министри за полиција, кој и покрај тоа што беше лустриран во 2013-та година, остана и натаму на позицијата и не беше разрешен. Имено, тој во октомври 2013 година беше лустриран за случајот “Темел”. Станува збор за следење на организаторите на студентските протести и членови на подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ во 1997-та година, кога Силјан Аврамовски бил началник на првата управа во УБК. Значи задолжен за реформите во следењето на комуникациите, како и за спречување на мешањето на УБК во независноста на другите надлежни органи ќе биде човекот кој според лустраторите давал или одобрувал дејствувања со кои се кршени основните човекови права и слободи на граѓаните од идеолошко – политички причини.

Во времето додека Силјан Аврамовски е привремен директор на УБК пак, а министер за внатрешни работи е Љубомир Михајловски  – Џанго, на 31 декемри 2004 година, се случува апсењето на Калид ел Масри, германски државјанин со либанско потекло. Масри беше уаспен на граничниот премин Табановце под сомение дека е терорист на Ал каеда. По 23 дена испрашување во еден скопски хотел, македонските безбедносни служби го предаваат Масри на ЦИА, чии агенти го носат во Авганистан. Таму бил мачен пет месеци, сè додека агентите на ЦИА не утврдиле дека станува збор за погрешен човек. Масри потоа бил пренесен во Албанија и таму ослободен. И во овој случај кој беше и меѓународен скандал, Аврамовски повторно демонстрира непочитување на човековите слободи и права.

Инаку Хелсиншкиот комитет уште во 2004-та година, пред Уставниот суд на РМ, го оспори изборот на Силјан Аврамовски како министер за внатрешни работи. Причината за оспорувањето беше работниот ангажман на Аврамовски најпрвин како помошник директор, а подоцна (во рок од три години пред назначувањето) и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. За жал Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по ова прашање посочувајќи дека е право на Собранието да ги избира министрите во владата.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This