Симеоне: Мојот тим демонстpиpа боpбен дух, момците се како браќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, по големата победа над Јувентус со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, рече дека ништо не е готово и дека шансите за пласман во следната рунда се исти за двата тима.

– Бевме навистина силни. Ја водевме играта во вистинската насока за нас. Се чувствувавме удобно, создадовме шанси и на крајот постигнавме голови кои ни донесоа победа над многу, многу моќен противник. Тимот одлично одговори на поддршката на трибините. Ние разбираме дека во Торино ќе биде потребно да се издржи, бидејќи за мене, шансите на тимовите уште се еднакви. Сé уште не освоивме ништо. Ние сме соочени со одличен тим – изјави Симеоне.

Тој им се заблагодари на своите фудбалери за големата пожpтвуванотc.

– Мојот тим демонстрира боpбен дух. Најдоброто нешто што може да му се случи на спортистот е да биде во тим кој знае како да се боpи. Момците се како браќа – нагласи предводникот на Атлетико.

Реваншот во Торино е закажан за 12 март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This