Симовски обjacнyвa: Еве штo ќe cлeди зa лицaтa кoи oдбилe дa ce пoпишaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој образложи дека и за оние граѓани што одбиле да се попишат со вкрстувањето на останатите бази ќе се покажат основните податоци и тие ќе влезат во конечната статистика.

Во моментов не можам да кажам точна бројка на оние кои одбија да се попишат, бидејќи треба да ги собереме сите податоци од колегите од терен. Меѓутоа, тој број е минимален. Имаше доста обиди на почетокот, но со сите тие луѓе одевме разговаравме повеќепати и најголемиот дел од тие домаќинства и граѓани одлучија да се попишат, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вчерашното гостување на „360 степени“.

Во секој таков случај направен е записник односно изјава од страна на попишувачот и во сите тие случаи ќе покренеме постапка, рече Симовски.

Тој образложи дека и за оние граѓани што одбиле да се попишат со вкрстувањето на останатите бази ќе се покажат основните податоци и тие ќе влезат во конечната статистика.

Овој попис за првпат е спроведен со комбиниран метод на попишување, а тоа значи попишување на терен, но и користење на податоци од базите што ги подготвивме за оваа намена. тоа се седум бази на податоци кои се споени во една и во која со голема точност да констатираме дека одредени лица се тука присутни и треба да бидат дел од оваа операција. На пример, ако едно лице е вработено го има во базата на Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, но и во Фондот за пензиско осигурување и ако тоа лице редовно секој месец уплаќа даноци и придонеси и стои дека е тука вработено нема сомнение дека е присутно. Можеби од повеќе причини не било попишано или пак одбило да биде попишано, но за такво лице ние имаме огромен фонд на податоци, рече Симовски.

Она што нема да биде одговорено за овие лица е сетот на прашања што вклучуваат етничка припадност, мајчин јазик, верската припадност.

Нема да бидат одговорени овие прашања, меѓутоа тоа беше и нивниот ризик. Одлуката била нивна во тој дел, рече Симовски.

Според него, почнувајќи од денеска, па во следните шест месеци треба да ја завршат обработката на податоците и потоа ќе бидат соопштени деталите.

Сè уште не сме ги отвориле базите, бидејќи ги дозавршуваме теренските работи, собирање на компјутерите, проверка на извештаите, да видиме кој попишувач колку сработил поединечно што е врзано и со нивната исплата. Очекуваме овие работиме да ги завршиме заклучно со понеделник, па да го почнеме процесот на обработка, рече Симовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This