СИНДИКАТОТ ВО НЕБРАНО: Затекнати од најавите на власта за намалување на јавната администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на вработените во администрацијата е затакнета од владините најави декаќе им се заблагодари на вишокот вработени во администрација кои не се квалитетни. Сомнеж кај нив отвора и идејата да се вработува но само на определено време а дека на рбаотното место ќе остане само тој што ќе се покаже како добар. Владата тврдеше дека ниту еден службеник нема да остане без работа, вели Пецо Груевски од УПОЗ, и ние ќе се бориме за тоа.

–Не знам дали администрацијата е преобемна. Имаме укажувања дека 4 шалтери опслужуваат 2000 граѓани, затоа е впечатокот дека администрацијата е неефикасна, може и е некаде- кажа Пецо Груевски синдикат на УПОЗ.

Експертите сметаат дека владата на овој начин сака да се ослободи од кадрите затекнати од претходната власт, но тоа велат не може да го стори со постоечките закони. Професорот Борче Давитковски се сомнева дека некој административец ќе прифати да премине во приватниот сектор, но реформите, вели тој, иако се болни се неопходни.

-Тоа е болно, 20-30-50% ќе ја изгубат работата, но ќе добиеме мала и функционална администрација пазарно ориентирана. Приватниот бизнис е рестриктивен, едно лице работи 5 работни места, а во администрацијата, петмина работат на едно работно место- вели Борче Давитковски – Универзитетски професор.

Министерот Дамјан Манчевски признава дека има превработеност, но вели недостасуваат професионалци. Дел од вишокот вработени на приватниот сектор ќе им биде понуден на крајот од следната година, а тој што не сака да работи, нема што да бара.

-Ќе дадеме повисоки плати, но ќе бараме повеќе работа. Администрацијата мора да стане ефикасна служба на граѓаните, а граѓаните додека не го сменат мислењето ќе имаме проблем. Тој што не работи, нема што да бара- кажа Дамјан Манчевски – Министер за информатичко општество.

Во буџетот за следната година предвидени се 24 милиони евра повеќе пари за вработените во јавниот сектор. Владата не открива колку ново вработени планира да прими во администрација, но очекува зголемените плати да ги поттикне вработените да работат поквалитетно. Во однос за привремените вработувања Манчевски вели дека има сектори и дејности каде тие се повеќе потребни. Го посочи примерот со ЈП за Комунална хигиена каде според него нема потреба

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This