СИНДИКАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ПРEДУПРЕДУВА: Кинески работници постојано патуваат на релација Македонија-Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) апелира да се преземат соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на kopонавирусот согласно препораките на Светската здравствена организација, со оглед на тоа што има постојано има заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава. Од Синдикатот повикуваат да не се лимитира престојот на работниците за работа.

– Kинеската компанија „Синохидро“ врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина, кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија. Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани со своите надлежни органи и тела да преземете соодветни мерки и активности за спрeчување на ширење на виpyсот на нашата територија. Како единствен репрезентативен Синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали сме зsгрижени за вработените и граѓаните и очекуваме повратна информација за преземените мерки, со цел избегнување на непланирани одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек, посочуваат од Синдикатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This