СИНОЛИЧКА ТРПКОВА : Да се спроведе истрага за проневерите на Горјан Тозија за Вардар филм, СДСМ нема храброст за реформи, особено со мафијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерката Синоличка Трпкова побара истрага за проневерите на Горјан Тозија за Вардар филм, а најавата дека тој ќе биде новиот директор на Агенцијата за филм, ја оцени како лоша кадровска промена. Таа вели и дека СДСМ нема храброст за коренити реформи, особено во делот на мафијата.

Горјан Тозија учествуваше во Шарената револуција и ја сквернавеше Порта Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

-Луѓето од филмот нема да реагираат за оваа лоша кадровска промена, зашто мора да се снимаат филмови и да се земаат државни пари. Тоа што треба да се истражи е умирањето на Вардар филм во негово време. Кога постојат сомневања за проневера со пари, има сигурно причина за тоа. Агенцијата за филм располага со огромни пари, двоени од државата кои се даваат на располагање на еден човек, но голем дел од народот малку знае за состојбите во филмот, иако индиректно плаќа за него. Но, СДСМ очигледно нема храброст за коренити реформи, особено во делот на мафијата. Да видиме како новинарите од областа на културата ќе се произнесат по овој и те како дискутабилен потег, напиша актерката Синоличка Трпкова на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја веста дека Тозија ќе биде нов директор на Агенцијата за филм.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This