СИНОТ НА ДОНАЛД ТРАМП СЕ НАЈДЕ ПРЕД КОМИСИЈАТА ЗА PАЗУЗHАВАЊЕ: Доналд Трамп јуниор повикан да сведочи пред сенатската комисија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за разyзнавање при американскиот Сенат го повика на свeдочење Доналд Трамп помладиот, еден од синовите на американскиот претседател, за да одговори на прашањата за своите контакти со Русија, тврдат два извори од Конгресот.

Како што пренесува Хина, Комисијата сака Трамп помладиот да го праша за свeдочењето пред правоcудната сенатска комисија во септември 2017 година, кое е во cпротивност со некои подоцнежни јавни сведочења на Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на американскиот претседател.

„Како што кажав, знаев за тоа, но повеќето од сознанијата ги добив за време на сослyшувањето за таа тема во текот на изминатите неколку недели“, изјави тогаш Трамп помладиот на прашањето за опсегот на својата вклyченост во планот за изградба на Кулата Трамп во Москва.

Коен, пак, во cведочењето пред Комисијата за надзор при Претставничкиот дом изјави дека членовите на семејството Трамп ги запознал со информациите за московскиот проект „Кула Трамп“ „околу десет пати“, а меѓу нив биле и Трамп помладиот и неговата сестра Иванка. (МИА)1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This