СИНОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ВРАБОТЕН ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА БОКИ 13: Специјалната обвинителка на мала врата влегува во медумскиот бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гевгеличанецот Лазар Јанев, синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од неодамна е вработен во телевизијата 1ТВ која сама се прогласи за лидер во медиумскиот простор, чиј споственик е Бојан Јовановски – Боки 13.

Младиот правник Јанев, како што откриваат вработени во оваа телевизија за Сведок.мк, им бил претставен како “директор на правна служба“ со кого ќе можат да се консултираат доколку имаат правни дилеми околу содржината на текстовите кои ги објавуваат. Некои од нив пак знаат дека „синот на Катица Јанева работи нешто во техника“.

Катица Јанева во последниов период често може да се види фотографирана со Боки 13, почнувајќи од приватни забави – родендени, до „работни состаноци“ и гостувања во 1ТВ каде што беше нејзиното гостување во вторникот, кога за цело време додека беше емитувано интервјуто, телевизијата информираше дека ја презела палката во медиумскиот бизнис, јавува Сведок.мк.

Бојан Јовановски, кој се претставува како сопстеник на 1ТВ, на прашањето: Дали Катица Јанева влијаела за вработување на нејзиниот син Лазар јанев во 1ТВ, за Сведок одговорил:

– Лазар Јанев е вработен во БМЈ Медиа груп, а не во 1ТВ. Неговите стручни квалификации беа пресудни за неговото вработување, ни еден друг фактор немал влијание и пресудна улога. Во приватна компанија како што е БМЈ Медиа груп единствено сопствениците имаат правото на одлука за вработување на било кое лице, одговорил Боки 13.

Според податоците на агенцијата која ги издава дозволите за работа, 100 проценти сопственик на телевизијата 1ТВ ДООЕЛ, е фирмата МЕДИА ГРОУП ДОО Скопје, во која како што вели Јовановски е вработен Лазар Јанев, и кое „ич не е исто“.

Катица Јанева, Сецијалната јавна обвинителка, во разговор за Сведок, вели дека не влијаела за вработувањето на нејзиниот син.

– Лазар е возрасен и до сега има работено на повеќе работи. Има завршено Правен факултет, а сега завршува и новинарство и си бара работа која му е интересна. Јас си ја гледам мојата професионална работа и не се оптоварувам со неговото вработување, изјавила Јанева меѓу другото во разговорот за Сведок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This