Синот на Марина Туцаkoвиќ со ocтри зборови за Цеца: Местото ти е во Xaг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската јавна сцена остана стаписана откако синот на Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ, Милан – Лача и упати остри зборови на фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, индиректно нарекувајќи ја во ен профитер. Ова е особено шокирачки знаејќи колкава поддршка и беше Цеца на Туцаковиќ сиот овој период додека се соочува со лошата болест.

Радуловиќ на Твитер напишал дека местото на Цеца ѝ е во Хаг, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Запрашан за мислење на новата песна “Ми“, која неодамна ја објави Дино Мерлин, Лача одговорил:

„Јас сум повеќе, како што гледам, на сите тие во ени хушкачи, кои сега без помош сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот за искупување. Мерлин, Цеца и други…“, напишал на социјалните мрежи.

Пријателите тврдат дека Цеца била стаписана од испадот на синот на Марина со обзир на тоа дека сeмејството со години соработува и дека Лача го сметала и третирала како да ѝ е син.

Овој потег не ги изненадува неговите пријатели кои тврдат дека во моменти кога е под дејство на лоши супстанци знае се’ и сешто да напише, а подоцна да се кае… Единствено не им е јасно како во потсветста го нема фактот дека Цеца прва ѝ се најде на неговата мајка за помош кога се соочи со тешка болест…

Во обид да се добие коментар на испадот на Радуловиќ, побарана е Цеца за изјава, но таа не сакала ништо да коментира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This