СИРИЗА ГО МЕНУВА ИМЕТО: Се ребрендира со цел да го избегне изборниот дебакл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачката грчка партија на премиерот Алексис Ципрас на изборите за Европскиот парламент ќе настапи со ново партиско лого – СИРИЗА-напредна алијанса. Грчките медиуми коментираат дека името е сменето за да се избегне изборен дебакл на партијата на Ципрас од опозициската Нова демократија.

Дури и во анкети направени од кабинетот на премиерот резултатите покажуваат дека за Ципрас нема место за оптимизам. Во такви услови лидерот на НД, Киријакос Мицотакис европските избори ги окарактеризира како „референдумско изјаснување“ и настојува да ги мобилизира сите разочарани гласачи.

Европските избори најверојатно ќе покажат и дали Грција ќе оди на предвремени парламентарни избори, затоа што НД има убедлива предност пред СИРИЗА.

Новото име на СИРИЗА засега ќе биде само на изборните постери, затоа што официјалното менување на името е компликуван процес во кој се вклучени коалициските партнери, но и одделот за даноци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This