СИРИСКАТА АРМИЈА НИЖЕ ПОБЕДИ: Сириската армија го ослободи палестинскиот бегалски камп Јармук во близина на Дамаск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириската армија го ослободи палестинскиот бегалски камп Јармук, кој се наоѓа јужно од Дамаск, од терористи, изјавија извори од безбедносните служби на Сирија

“Сириската армија го ослободи кампот Јармук јужно од Дамаск и таму го крена сириското знаме”, рече изворот.

Претходно, сириските владини сили повторно ја презедоа контролата врз источните населби во областа на Јармук лоцирана јужно од Дамаск. Операцијата беше лансирана по ослободувањето на Источната Гута на периферијата на Дамаск од милитантите. Последниот град кој беше контролиран од милитантите Дума, беше ослободен на 12 април.

Бегалскиот камп Јармук и околните населби беа последното упориште на терористите Даеш и Ал-Нусра во близина на Дамаск. Во 2011 година кога избувна вооружен конфликт во Сирија, кампот за бегалци на палестински и сириски бегалци Јармук беше контролиран од различни милитантни групи, што резултираше со катастрофални хуманитарни услови за бегалците. Во моментов, во кампот живеат околу 18.000 бегалци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This