March 28, 2024, 10:37 pm

СИРИСКИОТ НА СРЕДБА СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИОТ ЛИДЕР: Башар ал Асад има намера да ја посети Северна Кореја и да се сретне со Ким Јонг Ун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека има намера да ја посети Северна Кореја и да се сретне со нејзиниот лидер Ким Јонг-Ун, пренесува Северно Корејскиот медиум “Нодон синмун”, наведувајќи дека Асад ја најавил посетата во текот на примопредавањето на акредитивните писма на новиот амбасадор на Северна Кореја во Сирија на 30-ти Мај.

Претседателот на Сирија Башар ал-Асад и неговата сопруга Асма Асад

Весникот истакнува дека сирискиот претседател исто така изразил уверување дека “обединувањето на двете Кореи ќе се реализира”.

“Сириската влада ќе продолжи да ги поддржува во целост политиките и мерките на Северно Корејските власти и ќе ги проширува и продлабочува пријателските односи со Северна Кореја”, изјави Асад.

Долгоочекуваниот самит

Основната замерка за Пјонгјанг од страна на меѓународната заедница е развивањето на нуклеарно оружје. Од своја страна, Северна Кореја е незадоволна од воените вежби на САД и нејзините сојузници, особено во Јужна Кореја, во близина на нејзината граница.

Пјонгјанг неодамна објави дека се стреми кон денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, предизвикувајќи привремено затоплување на односите со Вашингтон. Доналд Трамп и Ким Јонг Ун планиралаат да се состанат за да разговараат за стабилизирање на односите. Сепак, минатата недела американскиот претседател се октажа од самитот. Подоцна, се појавија информации дека подготовките за состанокот на лидерите на САД и Северна Кореја сè уште се случуваат.

Во САД, потоа дојде заменик-претседателот на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја, Ким Јонг-Чол. Тој и американскиот државен секретар Мајк Помпео разговараа за подготовките за самитот закажан за 12 јуни во Сингапур.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This