СИРИЈЦИТЕ НЕ ОСТАНАА ДОЛЖНИ: Сирија ракетирала 28 Израелски авиони кои ја бомбардирале земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во напад на територијата на Сирија, учествувале 28 израелски Ф-15 и Ф-16, кои испукале околу 60 ракети, а повеќе од 10 тактички проектили биле лансирани од земјата.

Сириската воздушна одбрана успеала да неутрализира повеќе од половина од ракетите, според соопштението на руското Министерство за одбрана.

Министерството истакна дека на 10 мај во периодот 1,45-3,45 часот под изговор на бомбардирањето израелски позиции во близина на Голанската висорамнина од страна на иранските формации Израелската армија започна со нападот на територијата на Сирија.

“28 Израелските авиони Ф-15 и Ф-16 беа вклучени во нападот, кој започна со околу 60 проектили лансирани од воздух во различни области на Сирија. Исто така, Израел лансирал повеќе од 10 тактички проектили”, се вели во соопштението.

Нападнати биле позициите на вооружените сили на Иран, како и позициите на против воздушна одбранана војската на Сирија во реонот на Дамаск и јужниот дел на Сирија, се вели во соопштението.

“За време на израелскиот напад, Сириската воздушна одбрана неутрализираше повеќе од половина од ракетите. Сега се прави проценка на штетата врз иранските вооружени сили, како и сириската воена и цивилна инфраструктура “, се додава во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This