СИРОМАШНАТА МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА 100.000 ЕВРА ЗА БАЛОВИ: Зоран Заев потрошил 23.600 евра по билет за учество на Виенскиот оперски бал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските даночни обврзници најверојатно се олеснети за дополнителни 50.000 евра, потрошени за сервисирање на хировите на Зоран Заев и неговата сопруга, со која заедно присуствува на Виенскиот оперски бал на 28 фебруари заедно со Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата сопруга

Билет за Виенскиот оперски бал, кој важи за најгламурозниот бал во светот чини од почетни 800 евра за влез во салата, околу 100 евра по човек за место на маса.

Билетите пак за ложа, во каква што беа сместени Зоран и Зорица Заеви заедно со австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата сопруга чинат неверојатни 23.600 евра по лице. Вкупно, само за билети Заеви потрошиле 47.200 евра за билети.

Ако на ова се додадат и трошоците за пат (со авионот на владата на Р.Македонија), трошоци за сместување, дневници за обезбедување и технички персонал, членови на делегација и други сервисни трошоци, најверојатно граѓаните на Македонија платиле повеќе од 100.000 евра за учеството на Заев и неговата сопруга на Виенскиот оперски бал.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This