СИРОМАШНИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА АВТОМОБИЛ: Ова е пратеничката од СДСМ за која поскапа нафта не е проблем за сиромашните оти немаат автомобили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу оние кои учествуваа во дискусијата за намалување на акцизата за горивата беше и пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која на седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседувале автомобили.

-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, кажа Стојчевска.

Инаку, Мира Стојчевска беше кандидатот на СДСМ во Делчево кој се бореше на предвремените парламентарни избори да влезе во парламентот и да ги брани интересите на делчевчани. Кандидатот за пратеник на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска во листатата на пратеници во третата изборна единица на истокот се најде на високото 6-то место. Таа е пратеничка која заклучно со месец март, за девет месеци добила 11.736 евра за патни трошоци.

Таа е родена на 19.7.1966 во Битола и има завршено Шумарски факултет.

Стојчевска е член на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, член во комисијата за еднакви можности на жените и мажите, член заменик-член во комисијата за локална самоуправа, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, и член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација.

Инаку од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа да се намали акцизата за горивата, за да им се излезе во пресрет на граѓаните кои даваат премногу пари за тоа. Партијата побара измени во Законот за акцизи со кои се предвидува намалување на акцизата за 3 денари на дизелот и црвената нафта.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This