СИРУП ОД СМОКВИ: Направете сами лек против кашлица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непријатната кашлица е многу честа во овој дел од годината, но постои лек кој се крие во вашиот дом.
Дознајте како се прави одличен сируп против кашлица од суви смокви.

Сируп против кашлица можете да направите сами и тоа по еден стар но делотворен рецепт. Сѐ што ви треба се суви смокви и шеќер.

Состојки:

1 мал сад со суви смокви

Исто толку шеќер

Една до две здели вода

Приготвување:

Сувите смокви заедно со шеќерот ставете го во тенџере и додадете вода, но само толку колку што е потребно за да се прекријат сите состојки.

Варете сѐ додека шеќерот сосема не се истопи, а смесата не стане густа како сируп. Извадете ги смоквите, а сирупот претурете го во шолја и пијте го со мали голтки во текот на целиот ден. Вашиот проблем со кашлицата постепено ќе исчезне. И смоквите можат да се искористат и тоа против болки во градите па можете да ги изедете додека се уште млаки.

За сите оние кои не смеат да јадат шеќер, постои и поедноставен рецепт. Сварете литар вода и додадете шест поголеми суви смокви. Варете ги околу четири минути и извадете ги од водата.

Антибиотски помагач

Добиениот напиток е исто така корисен и здрав затоа што е богат со железо, калиум и калциум како и антибиотската материја која настанува при сушењето, а се ослободува при варењето.

Оставете го да се олади и пијте го исто така во мали голтки во текот на целиот ден. За да го засилите и на тој начин да се снабдите со повеќе енергија, додадете во напитокот две киви и еден портокал кои претходно ќе ги измешате во блендер. На крајот додадете и лажиќка мед и ќе добиете вистинска енергетска бомба која ќе ви ги даде потребните витамини и минерали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This