СИТЕ ВО ВЛАДА: Политиката на Заев, сите албански партии во влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според најновите информации реконструкцијата на владата на СДСМ се очекува да се случи во наредните неколку недели, а според шпекулациите на неколку министри во владата ќе им биде покажана вратата.

Најверојатно прв кој ќе биде ,,реконструиран’’ е министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој го следеа поголем број на скандали, се шпекулира дека и министерот за правда Саљији кој наводно поднесе оставка поради случајот со Алмир ќе беше мета на очекуваната реконструкција па си поднесе самиот оставка за да биде поштеден од срамот.

Заев покрај најавата за реконструкција најавуваше и зголемување на парламентарното мнозинство, а доколку го земеме во предвид дека единствена македонска политичка партија во опозиција во парламентот е ВМРО-ДПМНЕ остануваат неколку албански партии со кои Заев потенцијално би коалицирал. Со други зборови ова значи дека сите парламентарни албански партии со исклучок на Алијансата за Албанците на Села најверојатно ќе станат дел од владината коалиција. На проширувањето на парламентарното мнозинство во повеќе наврати негодувал Ахмети, но се додека идејата потекнува од Калето ова идеја ДУИ ќе мора да ја прифати. За Ахмети да го прифати овој предлог придонесе и фактот дека кворумот во законодавниот дом е премногу тенок.

Во овие моменти двете крила на Беса размислуваат да станат дел од владиното мнозинство иако е јасно дека двете одеднаш не би можеле да станат дел од парламентарното мнозинство, сепак и за ова како и за другите прашања крајниот збор ќе го има Калето. Најверојатно дел од владата ќе стане крилото на Африм Гаши заедно во пакет со ДПА на Мендух Тачи. Ова ќе значи дека само една ипол албанска партија ќе остане надвор од владината коалиција, поточно крилото на Беса предводено од Касами и Алијансата за Албанците на Села. Во вакви тешки моменти за македонскиот народ Албанците ќе станат клучен политички фактор и многу веројатно ќе ја одредуваат иднината на мнозинскиот македонски народ. Веќе бевме сведоци на насилното носење на противуставниот Закон за двојазичност и револтот кој се создаде кај Македонците, можеме само да замислиме хипотетичка ситуација каде што ќе се спроведе насилна промена на уставното име на Македонија .

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This