СИТЕ ВРАТИ СЕ ЗАТВОРЕНИ ЗА ОПШТИНА ГОСТИВАР: Таравари се жали дека единствената опозициска општина нема пристап до министерствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребна е коректна релација на централната и локалната власт. За жал јас го осеќам тоа на своја кожа бидејќи сега сум градоначалник на единствена урбана општина која што е опозициска. И реално кога ќе одат твои луѓе во министерство и ќе побараат да конкурираат во некој проект и кога ќе им се каже дека за Гостивар сите врати се затворени, не се осеќам многу удобно, појасни Таравари на вчерашната емисија на 1ТВ.

Таравари образложи дека ингеренциите во училиштата одземени се само на општина Гостивар веќе 9 месеци, од 21 ноември полниме 9 месеци, немаме никаков контакт со ниеден од министрите.

Систематизација на Општина Гостивар е испратена до МИОА пред 6 месеци и сигурно 5 пати до министерот се јавувам и му барам само одговори дали не е како што треба, дали да се поправи да биде како што треба, или да се каже дали е во ред. 6 месеци нема никаков одговор, сите вработени се разочарани од централната власт. Да не зборувам пак кај што се министерствата во кои е ДУИ, со тие министерства воопшто нема никакви релации. Секаква опструкција на секаков начин се прави, потенцираше Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This