СИТЕ ДАДОВМЕ ПО НЕШТО, НЕКОИ ДАДОА СЕ: Во Прилеп подигнат споменик во чест на Ненад Серафимовски, „Тигарот“ кој загина на браникот на државата во Диво Насеље!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во паркот кај судот во Прилеп вчера беше подигнат споменик во чест на загинатитот „тигар“ Ненад Серафимовски, кој го загуби животот на 9 мај 2015 година во кумановското Диво Насеље. Серафимовски бил член на единицата за специјални задачи „Тигар“ од 2014 година. Покрај Серафимовски загинаа уште седум припадници на безбедносните сили при терористичките напади во Куманово.

– Ненад ја направи својата најголема жртва, но и почест. Загина во исполнување на службена должност, во одбрана на татковината и зачувување на нејзиниот интегритет. Ние оние што останавме со скршено срце, ускратени за еден другар, колега, ќе продолжиме да чекориме по патот по кој тој чекореше достојно, сигурно и чесно и секогаш со највисок степен на професионално извршување на работните задачи – истакна припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“

Адвокатот на 4 семејства од загинатите приипадници на безбедносниите сили, Жарко Стеваноски, изјави дека имаат постапка за утврдување на одговорност кај структурите на МВР за да се дознае вистината кои се мотивите и нарачателите за овој злосторнички чин.

– До претставниците на МВР одамна имаме иницирано постапка, кој што бараме да се утврди преку внатрешна ревизија, одговорност на структурите на МВР и се надеваме дека исходот од истата ќе заврши онака како што очекуваат и семејствата, односно ќе заврши во полза на откривање на вистината за настаните од Диво насеље – изјави Жарко Стеваноски, адвокат на семејството Серафимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This