April 26, 2024, 12:51 pm

СИТЕ ЖPTВИ ВО КАМИОНОТ СО ЛАДИЛНИК БИЛЕ ВИЕТНАМСКИ ГРАЃАНИ: Уште еден човек е обвинeт за yбиcтво на тие луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата подигна обвинение против уште еден маж за вмешаност во трговија со луѓе.

Телата на 39 лица, 31 маж и осум жени, беа пронајдени минатата недела во товарниот простор на камион со ладилник во индустриската зона Грејс во Есекс, околу триесет километри источно од Лондон.

 

 

„Во овој момент, ние веруваме дека жpтвитe се виетнамски граѓани и ние сме во контакт со виетнамската влада“, објави денес на Твитер Тим Смит, помошник главен инспектор на Есекс.

 

„Ние сме во директен контакт со голем број семејства во Виетнам и во Велика Британија и веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жpтвитe“, додаде тој.

 

Уште еден човек е обвинет за yбиcтво на тие луѓе, заедно со возачот Морис Робинсон од Северна Ирска, кој бил уапсен откако ги пронашол телата во камионот по што беше обвинет за убиство на 39 лица, трговиja со луѓе и имиграција и дела за перење пари.

 

Во Виетнам полициjaта уапси две лица.

 

Полицијата соопшти денеска дека 23-годишниот Ејмон Харисон, кој исто така е од Северна Ирска, е обвинет за истите престапи како возачот на камионот.

 

Харисон беше изведен пред ирскиот Висок суд во Даблин на почетокот на постапката за екстрадиција во Велика Британија. Тој ќе остане во притвop до 11 ноември, изјави портпаролот на судот.

Полицијата е во потрага по 40-годишниот Ронан Хјус и неговиот 34-годишен брат Кристофер од Армаг, Северна Ирска, за кои смета дека се клучни за истрагата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This