СИТЕ КАБАЕТ:Германија со години ја шпионирала Белата куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германските разузнавачки служби долго време шпионирале бројни официјални претставници и бизнисмени од САД, вклучително и Белата Куќа, објавува неделникот Шпигел.

Неделникот дошол до документ кој покажува дека контраразузнавачката служба БНД имала листа од 4000 „селективни зборови” преку кои го вршела шпионирањето во периодот од 1998 до 2006 година.

На листата имало телефонски и факс броеви како и електронски адреси во Белата куќа, министерството за финансии и американскиот Стејт Департмент.

Меѓу целите кои што биле систематски следени има и воени институции од воздухопловството и морнарицата на САД како и на вселенската агенција НАСА. Германската служба следела и невладини организации како Хјуман Рајтс Воч.

Според Шпигел покрај американски цели биле шпионирани и стотици други дипломатски цели во САД меѓу кои и Меѓународниот монетарен фонд. БНД одбила да даде коментар за извештајот на весникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This