СИТЕ КАФУЛИЊА ВО БИТОЛА СЕ ДОГОВОРИЛЕ: Кафето ќе се продава поскапо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе неколку дена во Битола, пиењето кафе е поскапо за битолчани. Членовите на Здружението за угостителство и туризам „Клуб Еснаф“-Битола кои имаат кафулиња, заедно се одлучија на овој потег заради повеќе причини.

 

„Причините за поскапувањето на кафето во битолските кафулиња се должи на тоа што бизнисите се соочуваат со поскапувања на сите ресурси со кои што се овозможува квалитетна услуга на клиентите. Поскапувањето на самото кафе, зголемување на платите на персоналот, зголемување на трошоците за адекватна и квалитетна услуга, трошоците за греење како и самата комоција и удобност што го нудат угостителските објекти, резултира со поскапување на цената на кафето. Исто така тука е и нелојалната конкуренција“, изјави за Шеталиште, Марио Трифуновски, претседател на здружението Еснаф.

На последниот состанок членовите на здружението Еснаф се договориле кафето да не се продава под 50 денари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This