Сите кои учествуваа во изборниот процес ќе бидат наградени, ДИК ќе го зголеми надоместокот за членовите на избирачките одбори за 100%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.

„Предложивме нашиот Правилник којшто го донесовме уште во февруари да го измениме заради новонастанатата ситуација со крактите рокови со коишто се соочивме со неколкукратното одложување на предвремените парламентарни избори, но и ковид-ситуацијата која што сериозно можеше да влијае врз здравјето пред се на гласачите, а со оглед дека станува збор за членови на изборни органи коишто учествуваа во спроведување на изборите“, нагласи членот на ДИК, Елизабета Постоловска.

Таа рече дека едногласно се согласиле надоместокот на членовите на избирачките одбори да биде зголемен за сто проценти со оглед на тоа дека тие биле најдиреткно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик за нивното здравје.

„Исто така го зголемивме надоместокот за 20 проценти на членовите општинските изборни комисии заради организација и успешно спроведување. Ќе ги спомнам и здравствените работници, оние што не се откажаа да бидат членови во посебните избирачки одбори, коишто беа свесни за нивната општествена и хумана одговорност, па според тоа успешно го спроведоа гласањето на лицата во изолација и ковид болни, па поради тоа во нашиот правилник предвидовме нивниот надомест да биде ист за сите 6.000 денари, односно во висина на најголемиот надомест којшто ќе го земе претседател на изборен орган“, нагласи Постоловска.

Сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил усепешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти, велат од ДИК

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This