Сите момчиња извадени од пештерата, приведен странски новинар (ФОТО+ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
Дванаесеттото и последно момче е извадено од пештерата и се носи кон хеликоптерот што ќе го превезе во болница, потврдија тајландските маринци на Фејсбук. Во пештерата се наоѓа уште само тренерот, чие спасување е во тек.
Денеска беше приведен странски новинар затоа што летал дрон во близина на влезот на пештерата, објавија тајландските медиуми. Во понеделникот властите се жалеа дека новинар пуштил беспилотно летало и ја попречувал операцијата.
- Advertisement -

Имаше информации дека некои медиуми ги прислушуваат полициските радиокомуникации. „Ова навистина не е во ред“, рече Наронгсак Осатанакорн, шеф на здружениот команден штаб.

Тајландските морнарички „фоки“, кои ја водеа целата операција, претходно на Фејсбук објавија „Денеска дивите вепри повторно ќе бидат заедно“

„Додека чекаме сите вепри да излезат, зошто малку да не се релаксираме.

Дали знаете дека новите бебиња-вепри обично имаат пруги на кожата, кои исчезнуваат кога тие ќе пораснат? Да, тоа е точно. Веприте генерално јадат корења од дрвја и билки. Една од навиките на веприте е тоа што се собираат во група. И знаете што? Вечерва, сите ‘вепри’ повторно ќе бидат заедно!

Ура…“

Времето на носење на спасените момчиња од пештерата до хеликоптерите што ги носат во болница денеска беше подолго од вообичаеното.

Меѓународниот тим спасувачи утрово се врати во пештерата во северен Тајланд за да ги извлече останатите четири момчиња и нивниот тренер, кои 18 дена беа заглавени таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This