April 26, 2024, 10:54 am

Сите му љубоморат: Драган Вучиќ објави заедничка фотографија со „Неџла“ – сопругата на Бали Бег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот ТВ водител, музичар и композитор, Драган Вучиќ, веќе извесен период во еден од градските скопски автобуси ја води неговата емсија „Возење во Вучиќ“.

Досега на гости му беа многумина познати личности од јавниот живот во земјава, а како што е редот за да ги зачува спомените, но и виртуелно да се присетува на нив, Вучиќ отвори свој Инсатграм профил.

Неговиот профил на Инстаграм функционира некаде од крајот на 2018 година, а освен што е полн со фотографии од познатите гости во автобусот, тој сподели и неколку ретро фотографии од времето кога во 2012 година ја снимаше емисијата „На турско кафе кај…“ и правеше интервјуа во Турција со популарните актери кои македонската публика ги гледа на телевизија.

Па така, тој се присети на тоа време и сподели една ретро фотографија со актерката Фахрие Евџан или попозната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“, а сега и сопруга на славниот Бурак Озчивит со кого чекаат бебе.

Најубавата турска актерка Неџла, напиша Драган во описот на фотографијата.

Инаку, во тој период се шпекулираше дека Драган Вучиќ ќе се појави во серијата „Долина на волците“, но тоа не се случи.

Извор: Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This