СИТЕ НЕАМНЕСТИРАНИ СЕ ВИНОВНИ: Рускоска бара да се прогласат за виновни сите обвинети за упадот во Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во завршниот збор за судењето за настаните на 27 април, обвинителката Вилма Рускоска бара судот да ги прогласи за виновни сите 16 обвинети за упадот во Собранието.

Обвинителството докажа дека на 27 април 2017 година беше извршен организиран напад во Собранието, рече Рускоска, додавајќи дека нападот не бил класично учество во толпа, туку организиран напад од обвинетите, или од оние кои не се појавија на судење поради амнестијата.

-Водејќи ја оваа постапка, очекувам во судница да седнат и организаторите на нападот, рече на крај обвинителката.

Рускоска додаде дека обвинението не е политички прогон ниту резултат на политички реваншизам и дека кај сите граѓани настанот предизвикал страв и несигурност.

Судењето продолжува во понеделник (4. февруари) со завршни зборови на одбраната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This