СИТЕ „НЕЗАВИСНИ“ НОВИНАРСКИ РАДИКАЛИ: Независното новинарство на СДСМ е воспевање на деструктивните политики на „Бихаќка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со последната одлука на СДСМ, уште еден таканаречен „независен“ новинар, од синоќа стана партиски функционер. Според информации до кои дојде КУРИР, неговата трансформација од независен новинар во партиски функционер траела помалку од 48 часа.

shenja-zaev-zekiri-640x360

Имено извори од преговорите во клубот на пратеници ни посочија дека токму таканаречениот „независен“ новинар Мухамед Зекири бил еден од последните предлози на Зоран Заев како професионален петти член во ад хок телото за мониторинг на медиумите. Откако овој предлог бил отфрлен, бидејќи Мухамед Зекири, освен за СДСМ за целокупната јавност важел како мегафон и ги промовирал радикалните ставови на СДСМ, истиот е предложен за кандидат во највисоките тела на партијата

Мухамед Зекири е познат во пошироката јавност по тоа што ги реализираше сите интервјуа на Заев во кои тој промовираше подготвеност за секакви отстапки со ставови дека на СДСМ не му личи да глуми патриотизам.

alsat-zaev-zekiri-640x507

 

 

Мухамед Зекири не е првиот таканаречен „независен“ новинар кој преку ноќ се трансформирал во партиски послушник на СДСМ. На изборите во 2011-та година СДСМ на пратеничките листи стави уште двајца „независни “ новинари од тогашната А1 телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска. Сега како партиско решение Заев ја предложи Санта Аргирова која работеше во Телма и Алфа, а почна да работи и во кабинетот на Илинка Митрева.lence_nikolovska_safet_bisevac-610x400

Поранешната новинарка на А1 телевизија, Катерина Цаневска, за својата работа во корист на СДСМ беше наградена со работно место кај единствениот градоначалник на опозицијата во скопските општини. Таа е портпарол на Андреј Жерновски, а скандалите во нејзиното работење излегоа на виделина и денес кога од официјалниот маил на порталот А1Он беше испратено соопштение за промоција на Центар.zernovski_pred_sjo-640x360

„Независните“ новинари Роберт Поповски и Весна Трпчевска Ковачевска си добија работни функции во СДСМ веднаш штом Заев дојде на лидерското столче во партијата. Нивниот пример го следеше и Богданка Кузевска која од 24 Вести се пресели на Бихаќка.

Јавноста нема да го заборави и најголемиот скандал кога веднаш по доаѓањето на власт, СДСМ сите партиски послушници во медиумите, во 2002 година ги награди со вработување во државните институции.

Хипокризијата на СДСМ кон медиумите е прочитана. Нема човек во земјава кој не знае дека СДСМ не го интересира независно новинарство. Тие сакаат купени и контролирани медиуми кои ќе пишуваат само тоа што им се диктира од Бихаќка. Тоа е причината зошто Заев инсистираше на воведување на цензорско тело и строги санкции и затварање медиуми за искажан сопствен став и мислење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This