СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ИВАНОВ: Ќе тргне ли Заев во уште една авантура доколку повторно не добие мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Заев чека на Иванов, Талат Џафери најавува дека наскоро ќе свика собраниска седница за формирање влада.

Gorge-Ivanov

Откако Талат Џафери испрати писмо до шефот на државата дека е формирано ново парламентарно мнозинство, сега сите очи се вперени во Иванов.

Од него зависи дали Зоран Заев ќе добие мандат да формира влада или претседателот повторно ќе се повика на својата последна изјава дека тоа нема да го стори додека не се отстранат правните и политичките пречки. Шефот на државата смета дека тиранската платформа е пречка за одредување мандат, додека новото парламентарно мнозинство неубедливо уверува дека такво нешто не постои.
Заев вчера дури се понуди лично да отиде кај Иванов и да му достави гаранции.

zaev_potpisi_3

– Ќе разговарам со коалициските партнери и лидерите да одиме заедно и уште еднаш да ја гарантираме унитарноста, уставноста, мултиетничноста, НАТО и ЕУ и перспективите на државата. Уште еднаш да гарантираме и да потврдиме, сѐ во функција што поскоро да се додели мандатот. И од наша страна да не ги користиме дваесетте дена и да излеземе пред парламентот со предлог за новата влада – рече лидерот на СДСМ.
Додека Заев чека на Иванов, Џафери најавува дека наскоро ќе свика собраниска седница за формирање влада. Се поставува прашањето дали Заев и неговите коалициски партнери се подготвени да тргнат во уште една авантура и кршење на Уставот, како при изборот на спикер, и да изберат влада без мандат од шефот на државата.


Експертите се едногласни дека без објавување на одлуката од редовниот (нормалниот) избор во „Службен весник“, Талат Џафери не смее да презема ништо во службената кореспонденција или да се претставува во својство на претседател на Собранието, затоа што секое преземање вакви чекори ќе значи негово лажно претставување, што е казниво дело согласно Кривичниот законик.

– Тој не може ниту официјално да го извести претседателот на државата г. Иванов и по службена линија да го бара од претседателот на Републиката мандатот за состав на влада. Дописот што евентуално ќе го достави Талат Џафери до Иванов нема никакво значење бидејќи е упатен од неовластено лице, и како таков тој не предизвикува никаква правна сила – децидна е професорката Тања Каракамишева.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This