СИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ: Социјалните мрежи вријат, сите се спремаат за вечерашниот протест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу граѓани, интелектуалци, луѓе во и надвор од политиката повикуваат на социјалните мрежи сите Македонци да се приклучат на вечерашниот протест пред Владата на Република Македонија во 20 часот, што го организира ВМРО-ДПМНЕ.

Да тргнеме во битка и да ја поразиме оваа ненародна влада, повикуваат тие.
„Реформите каскаат, додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, што е и целта на овој протест.

Пренесуваме дел од повиците на социлјаните мрежи
Средба со следбениците во 20 часот пред Влада закажа и аналитичарот Александар Пандов.

Се гледаме вечер во 20ч пред влада, така?

Posted by Aleksandar Pandov on Friday, June 1, 2018

Ако знаете какво е чувството на дедовците кога на своите внуци им раскажуваат за нивната борба за Македонија, застанете од правата страна на историјата, повика Никола Србов.

Стави камче во бедемот кој ќе ја зачува татковината.Знаете ли какво е чувството на дедовците кога на своите внуци им…

Posted by Nikola Srbov on Friday, June 1, 2018

Непоправливите штети кои ѝ ги направи Заев на Македонија, нека бидат причината да го исвиркате, повика пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

Драги пријатели, сигурно има многу причини да бидете разочарани од политиката, но непоправливите штети кои Заев и ги прави на Македонија, нека бидат причината да го исвиркате пред Влада;- на 2ри Јуни!

Posted by Antonio Milososki on Wednesday, May 30, 2018

Шефот на Кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински го повтори мотото на овој собир – Да кажеме НЕ за продажба на националните и државните интереси и целиот овој хаос кој што го прави СДСМ!

https://www.facebook.com/Perinski.Zlatko/posts/1863128617063882

Почитувани, Ве повикувам на големиот сенароден протест во 20 часот пред Влада на Република Македонија да кажеме стоп за лошата политика на оваа нелегитимна Влада!
Нашиот народ, нашата младина која е столб во нашата држава, заслужува многу повеќе и многу подобро!
Да кажеме НЕ за продажба на националните и државните интереси и целиот овој хаос кој што го прави СДСМ!
#МакедонијаЌеПобеди

https://www.facebook.com/tarcugovska.a/posts/2028481370737203

На 2 јуни да излеземе масовно на протест пред Владата и да го започнеме нејзиниот крај. Нејзиниот крај ќе биде нов почеток за Македонија, повика професорката Тања Каракамишева.

Помина една година преполна со ЛИЧНИ И НАЦИОНАЛНИ ОМАЛОВАЖУВАЊА, КОЦКАЊЕ СО ДРЖАВАТА И СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, една…

Posted by Тања Каракамишева on Friday, June 1, 2018

„Како и досега што сум повикувал, како и досега што сум мислел и натаму го мислам истото. Без разлика на тоа од најразлични собири кој ќе профитира политички, финансиски, не знам како. Без разлика на тоа кој организира, кој не организира. Без разлика на нашите лични мали кавги, големи кавги, амбиции, недоразбирања, несакања, сакања. Без разлика на нашите ситни кариеристички потреби, желби, без разлика на сите наши односи. Сите ние, настрана од тие мали работи, имаме голема задача, една голема задача. А тоа е, да го срушиме овој фашистички, нацистички, апартхејдски систем на власт поставен на власт минатата година – нелегално, незаконски, неуставно, со пуч со помош на странски намесник кој се вика Џес Бејли, а одработен од домашен квислинг кој се вика Зоран Заев“ – повика Миленко Неделковски во видео порака објавена на неговата ФБ страница.

По Миленко Неделковски, и новинарот и долгогодишен дописник на Македонската информативна агенција од Брисел Бобан Нонковиќ, со порака на својот ФБ профил ги повика сите Македонци утре да излезат на протестот, за да ја одбраниме државата од распродавање

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This