Сите прашуваат како успеала да “улови“ згоден маж: Нејзиниот одговор ќе им ги затвори устите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џена и Дру Кучер деновиве станаа хит на интернет. Зошто? Поради разликата во градбата на нивните тела.

 

Имено, Џена постојано добивала пораки со прашања од типот како успеала да го „улови“ згодниот сопруг, со оглед на тоа што таа не била ни приближно згодна и привлечна како него.

Американката, која по професија е фотографка, не дозволи злобните коментари да ѝ ја згазат самодовербата и со искрена порака им возврати на критичарите со цел да им покаже дека не треба да им судат на луѓето врз база на изгледот.

Еве ја нејзината порака:

Некој еднаш ми испрати приватна порака и ми кажа дека не може да верува дека сум успеала да „уловам“ толку згоден маж како мојот сопруг. Ќе бидам искрена дека тоа ме изненади.

Дел од мојата несигурност се вртеше околу тоа што сум омажена со „г. Плочки на стомакот“. Зошто јас, девојка со облини, да го имам него?

Во изминативе десет години, овој човек ги има прифатено секоја облина, секоја вдлабнатина и секој грам на моето тело и секогаш ме потсетува на тоа дека сум убава, дури и кога мојот внатрешен дијалог не вели така (и кога не сум се истуширала со денови).

Па да, бутовите ми се „бакнуваат“, рацете ми се големи, задникот ми е нерамен, затоа има повеќе од мене за тој да сака и јас го избрав мажот кој може да се справи со сето тоа (и многу повеќе!).

Јас сум многу повеќе од моето тело, и тој исто така, а и сите вие.

Џена со години се борела со вишокот килограми, а откако имала два спонтани абортуси во период од две години, таа редовно ги споделувала своите чувства на социјалните мрежи.

„Цел живот се мачам да го засакам своето тело, тоа започна уште од мали нозе кога бев гимнастичарка. Како жени, наш најголем страв е дека не сме доволно добри, дека нашите тела се скршени и откако поминав низ две загуби, навистина ми беше тешко да го прифатам телото… Се надевам дека жените можат да увидат дека можат да бидат сакани онакви какви што се и дека честопати приказните кои си ги кажуваме во нашите глави не се точни.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This