April 23, 2024, 11:18 am

СИТЕ ПРИСУТНИ ДЕЛЕГАТИ МУ ДАДОА ПОДДРШКА, 71 ДЕЛЕГАТ БЕА ОТСУТНИ:712 делегати на СДСМ дадоа поддршка за Стево Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 712 гласа „за„ и ниту еден против, делегатите на конгресот на СДСМ ја потврдија одлуката на партиските лидери, Стево Пендаровски да биде заеднички кандидат за владејачката коалиција.

Ниту еден делегат не беше против, а 71 беа отсутни. Пендаровски рече дека е чест што 31 партија и сите етнички заедници застанаа зад него. Се заблагодари за преседанот, да му се даде втора шанса иако изгуби на претходните избори во 2014-та година.

Пендаровски на конгресот дојде во придружба на Заев и двајцата министри, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, кои беа исто така фаворити за претседателски кандидат. Седнаа во првиот ред, веднаш до него, со што му дадоа поддршка.

Конгресот траеше релативно кратко, неполни два и пол часа, со долги паузи. На една од паузите, Пендаровски отиде до Тетово, каде истовремено се одржуваше седница на Централното претседателство на ДУИ. Во кусото обраќање рече дека е крајно време да завршат етничките поделби.

Поддршката од ДУИ исто така беше едногласна.

По кандидатурата, следуваат формалните аспекти.

Најсилниот против-кандидат на Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова,покрај пратеничките, собра и 10 илјади граѓански потписи.На кандидатот на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река му недостигаат 30 пратенички потписи, па ќе мора да собира потписи од граѓани, за да поднесе кандидатура во ДИК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This