СИТЕ СЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДАТ РАЗВОЈНИ ЗОНИ: Груевски најави економски бум во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предвидуваме 600 милиони евра за поддршка на македонските земјоделци преку субвенции и други проекти во земјоделието. Секоја година по најмалку 150 милиони како што веќе почнавме да го правиме тоа откако ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дојдоа во владата, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски од Струга.

tirz-640x330
Во програмата „Реално“ е предвидено зголемување на субвенциите од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигање насади.

-Со 80 отсто ќе ги финансираме инвестициите во системите за наводнување „капка по капка“ и ископ на бунари. Планираме изградба на преку седумдесет канализациски и водоводни системи, се со цел да го подобриме квалитетот на живеење и многу други проекти, рече Груевски.

Во својот говор се осврна и на проектот Рурални развојни зони.

-Секој еден кој во следни 5 години ќе изгради нова фабрика, погон, индустриски капацитет или хотел сонад 20 соби, во било кое село во Македонија, ќе добие можност на иста и подобра понуда од оние воТИРЗ. Струга има и урбан и рурален дел, сите населени места ќе бидат места кои ги опфаќа овој закон, секој граѓанин на Македонија или странец, што ќе изгради капацитет ќе добие привилегии: Првите 10 години ослободување од ДДВ, персонален данок на доход, 50% ослободување од придонеси за здравствено и пензиско осигурување. За секој од нив вработен ќе добие 2000 евра од државата а за секој вработен стечаец по 4000. Плус изградба на комуналии, пат и сл. Македонија станува целата технолошко индустриска зона во наредните 5 години, порача Груевски.

Ваква можност, додаде тој, нема никаде во светот.

Во програмата „Релано“ планирано е да се стимулира рестартирањето на фабриките кои се затворија за време на транзицијата во 90-те.

–Оној кој ќе ги рестартира ќе добие сериозна финансиска помош преку различни инструменти. Нема да плаќа придонеси, исто така ќе добие помош од 2000 евра за секое ново вработување и по 4000 евра за секој вработен стечаец. Вакви фабрики има во секој град има и тука во Струга. Секој кој ќе ги рестартира ќе добие ќе добие 10% од парите кои ќе ги вложи назад, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This