Сите сме Балкан, Европски Балкан: Од денес започнува нова на ера на соработка во регионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот премиер Зоран Заев на отворањето на „Економскиот форум за регионална соработка“, порача дека oд денеска започнува нова ера на соработката во регионот. Тоа е како што рече наша силна политичка волја, на претседателот Вучиќ, на премиерот Рама и мојата, да ги обезбедиме сите услови што зависат од Владите на нашите три земји за ефикасна регионална соработка.

„Се поврзуваме со отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да почувствуваат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Очекуваме многу скоро бенефитите да се осетат во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани. За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ. Бидејќи ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од европскиот Балкан“, рече Заев.

Македонскиот премиер потсети дека ова што денес го градиме произлегува од европските вредности затоа што во себе, во своите темели ги содржи подеднакво исто четирите слободи на Европската Унија – Слобода на движење на луѓе, добра, капитал и услуги.

„За да ги обезбедиме условите за реализација на овие слободи, го слушнавме апелот на бизнисмените од целиот регион и ги започнавме постапките за сведување на минимум или на целосно отстранување на административните процедури таму каде што е тоа можно. Нашата цел за интегриран регионален пазар носи дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи поврзани сме посилни. Тоа го го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ“, рече Заев.

Заев не пропушти да се осврне и на неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувања за отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија., за кој како што рече, „е против европската идеја, против интересите на самата ЕУ и спротивна на определбата за членство во Европската Унија на овие две земји кои ги исполнија сите критериуми за тоа“, и додаде:
„Но, ние не можеме да чекаме сите внатрешни проблеми на Европската Унија да се решат за да одиме напред. Ние сме тука и тогаш кога Европската Унија ќе биде подготвена, ние сме тука – веќе подготвени, со веќе обезбедени олеснувања за нашите граѓани и со веќе развиени економски иницијативи. За нив ќе зборуваме и денес, па се надевам дека ЕУ ќе најде начин да обезбеди и финансирање за истите, особено што голем дел од нив се дел од зелената агенда“.

Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој, нагласи Заев затоа што нашиот регион има приближно 18 милиони луѓе и тоа е многу сериозен капитал за да ги зајакнеме нашите економии.

„Самостојно покажуваме политичко лидерство и грижа за унапредување на соработката, за која овој пат имаме и конкретна акциска програма и убеден сум дека тоа ќе биде препознаено како иницијативност за почит и за поддршка во Брисел и Вашингтон“, потенцираше Зоран Заев.

Тој ги повика да се придружат и останатите земји.

„Ги покануваме и охрабруваме и останатите нашите колеги да се придружат. Заради нашите народи. Сите сме Балкан, сите сме европски Балкан“, рече Заев во своето обраќање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This