April 26, 2024, 11:58 pm

СИТЕ СМЕ ОД МЕПСО: И Дамјан Бучковски ќе зема државна плата, ќе биде колега со ќерката на Бејта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дамјан Бучковски е последното кадровско решение на државната компанија МЕПСО. Дамјан е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер од редовите на СДСМ  и актуелен поддржувач на политиките на Зоран Заев кој особено одработи за матичната партија пред референдумот за промена на името.Според нашите информации тој во моментов во компанијата е ангажиран со договор на дело. Инфомакс вчера пренесе дека во  МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, реагираа од МЕПСО по низата обвинувања во јавноста за непотизам при вработувањето на ќерката на Бејта, потенцирајќи дека таа била најдобриот пријавен кадидат.

Државните претпријатија изминативе 2 години се фокусирани на вдомување на децата на високи партиски и државни функционери. Да потсетиме дека оваа година во АД ЕЛЕМ и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи, Бесија Џафери. Покрај горе споменатите случаи на непотизам во ЕЛЕМ се вработи и Димитар Грчев, син на архитектот и советник во Министерството за култура Мирослав Грчев, а на улица не остана ниту Јон Фрчковски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски екс министер за внатрешни во владата на СДСМ и еден од најгласните актуелни поддржувачи на Заев, кој денес е помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This