СИТЕ СМЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПАЦИЕНТИ: Но поради сервилност умираме кога ќе ни каже власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реформите во здравството мора да бидат аргументирани, алармираат упатените. Доколку реформите не бидат издржани, последиците може да бидат.

urenten_klinika.jpg

-Каде е стручната јавност? Сите сме потенцијални пациети. Зошто од сервилност и страв одбирате да умрете кога ќе посакаат другите?-пишува на својот Фејсбук профил, Дејан Блажески, доктор на науки од областа на менаџмент во здравството.

Ова е неговиот статус:
Централизираните лаборатории може да не чинат животи, не само уназадување. Ах, уста ти зборувала, шапка ти слушала! Комбинирањето на пресметката на трошоците и мерката за ефикасна интервенција како и нивното користење за одредувањето на приоритетите во функционирањето, претставува најнов придонес на менаџментот во здравството. Некои здравствени економисти тврдат дека е можно да се создаде здравствен систем кој би ја следел исплатливоста, при што би можело да се постигне многу поголема должина на животот или поголема еднаквост, но многу помалку би одговарало на тоа што луѓето го сакаат и што го очекуваат. Исто така отежнато е донесувањето одлуки за приоритетите, затоа што критериумите на оние кои даваат и оние кои ги користат здравствените услуги, не се секогаш компатибилни. Меѓу другото, познато сметководствено правило е дека стоките и услугите не смее да се поистоветуваат. Сето ова упатува на тоа дека здравствени институции се изложени на бројни фактори кои се многу поразлични од обично дејствување на компаниите кои работат во други сфери.Оттаму, произлегува препораката дека клучна е потребата за одговорно однесување на здравствените установи. За крај, основата на медицината е дијагностиката. Со добра дијагностика се намалуваат вкупните трошоци, а се зголемува процентот на превентива и преживување. Реформите мора да бидат аргуметирани. Последиците ќе се огромни! Каде е стручната јавност? Сите сме потенцијални пациети.Зошто од сервилност и страв одбирате да умрете кога ќе посакаат другите? Ах, уста ти зборувала, шапка ти слушала!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This