Сите туристи кои ќе носат сандали или апостолки ќе платат ка3на од 50 до 200 евра во оваа летна туристичка дестинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Туристите кои ќе посакаат да го посетат Чинкве Тере ова лето ќе мора да се збогуваат од шетањето со сандали, апостолки и чевли.

На екипата за помош веќе ѝ здосадило постојано да им помогнува на повредените туристи кои се повредуваат на стазите кои ги поврзуваат некогашните рибарски села со крајбрежјето на североисточниот регион на Лигурија.

Оваа година, властите на Националниот парк на сите им ги соопштиле јавните информации така што туристите не можат да кажат дека не биле известени.

Оние кои нема да се придржуваат до оваа наредба ќе плаќаат казна од 50 до 200 евра во зависност од тоа колку ќе одреди власта. Причината за оваа одлука доаѓа после низата инциденти и несреќи кои се случиле во ова одмаралиште. Следниот месец започнува туристичката сезона во ова место.

Оваа година се очекува голем број на посетители како последица на зголемиот број на бродови кои се сместени на пристаништето. Се очекуваат околу 750.000 патници на бродовите оваа година во споредба со 450.000 од минатата година. Многумина ќе дојдат со воз или друг превоз.

“Проблемот е во тоа што луѓето овде доаѓаат и мислат дека дошле на плажа, а стазите наоколу се планински. Прво ќе ги запознаеме со кампањата, а потоа ќе почнеме да спроведуваме санкции”, рекол Патрицио Скарпелини, управник на Националниот парк.

Ова место е сè повеќе популарно и годишно го посетуваат околу два и пол милиони луѓе, а во тек е и дебатата дали е потребно да се затворат неколку стази или да се ограничи пристапот со цел зголемување на безбедноста.

Селата Риомаџоре, Манарола, Вернака, Конилја и Монтеросо се оние кои се наоѓаат во близина на Националниот парк, чии жители се жалат дека постојано има гужва. Минатата година имаше интервенции, бидејќи некои туристи се упатиле во авантура во освојување на врвот носејќи фармерки, тренерки и маици на висина од околу 4.000 метри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This