СИТЕ УМРЕЛЕ ТОЈ ОСТАНАЛ: Имам 145 години, доста ми е, сакам да умрам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индонезиецот Мбах Готхо тврди дека има 145 години, што се гледа и според неговите документи. Сепак, за разлика од другите вести за најстарите луѓе на планетава, кои го величаат животот

Индонезиецот вели дека не сака повеќе да живее, дека му е доста од сè што видел до сега. Како што објави „TheSun” тој бил роден во 1870 година и ги надживеал десетте браќа и сестри, како четирите сопруги од кои последната починала во 1988 година.

Починале и неговите деца, па сега живее со внуката и со правнуката.

Доколку неговите документи се веродостојни, тогаш Мбах може да се смета за најстар човек на плантева. Колку што е познато, рекордот до сега го држеше Французинката Жан Калмент, која живееше 122 години. Но, иако документите му се водат како официјални, во Индонезија никој до сега не ја потврдил возраст на мажот.

Но, се чини веќе му дошло да крене раце од сè и конечно да почине.

Само сакам да умрам – рекол во интервју за индонезиска телевизија.

На прашањето, пак, која е тајната на долговечноста, тој одговорил: – Само трпение и смиреност.

Внукот за телевизијата рекол дека неговиот дедо се подготвува да умре уште од неговата 122 година. Сепак, и покрај неговите желби, би му посакале долговечност на овој старец од Индонезија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This