СИТЕ УЧЕНИЦИ ДОМА: Штрajкот успеа во Прилеп, објави СОНК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Почитувани колеги од Регионалниот одбор на СОНК – Прилеп, чувствувам потреба како претседател да ве известам дека предупредувачкиот штрajк во Прилеп е успешен! Ви благодарам на сите за поддршката и се надеваме дека нашиот предупредувачки штрajк ќе допре до оние кои се повикани и дека платите ќе бидат покачени за 25%!

Драги родители вам безрезервно ви благодарам за поддршката на наставниците, ви благодарам што помагате во враќањето на нашето достоинство”, напиша на својот фејсбук профил Златко Думбалоски, претседател на СОНК-Прилеп.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) организираше предупредувачки штрajк во сите основни и средни училишта бидејќи не беше постигнат договор со Министерството за образование и наука, за покачување на платите на наставниците од 25 проценти.

СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, но доколку тоа не се случи ќе се организира генерален штрajк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This