СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДИК СИ ДАДОА ОСТАВКИ: Ќе го следи ли примерот и сопругата на Игор Милевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оставки поднесуваат и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Државната Изборна Комисија, Сашо Срцев и Силвана Бонева, дознава „Република“.

Оваа одлука на Бонева и Срцев доаѓа откако изминатата недела истото го направија претставниците на СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев а прв оставка поднесе претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Денеска оставки поднесоа и Субхи Јакупи од ДУИ, а оставки поднеле и членовите Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов. Нивните оставки веќе биле предадени во Собранието на РМ, каде според законските процедури треба да бидат верифицирани.

Засега нема најави дали и Асани Салија од Движењето Беса ќе поднесе оставка.

На првата наредна седница, Собранието треба да ги констатира нивните оставки, но таа сеуште не е закажана. Според неофицијалните информации таа треба да биде одржана во петок кога на дневен ред е предлог буџетот.

Изборниот законик предвидува, откако оставките на членовите на ДИК ќе бидат констатирани, претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе треба да ги информира политичките партии од власта и од опозицијата да му достават предлози за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседател и членови на ДИК во Службен весник, а огласот трае осум дена. Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.

Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите за членови на ДИК во рокот, членовите на ДИК ги предлага Комисијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Државната изборна комисија брои девет члена, претседател, потпретседател и седум членови. Од нив шестмина се на предлог на партиите, а тројца се од редот на експертите.

Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Мандатот им е пет години, со можност за реизбор.

Кој ќе го реализира референдумот доколку Заев се согласи за промена на името?

Додека медијаторот Метју Нимиц и преговарачите на Македонија и Грција во Брисел преговараат за промена на името, се поставува прашањето која институција ќе го реализира референдумот за ова прашање доколку Владата прифати некакво решение? Ако се знае дека во законот е предвидена процедура за подготовка на референдум која трае долго а секој нов состав на ДИК работата ја почнува од нула.

Во јавноста се шпекулира дека Чичаковски и претставниците на СДСМ си поднеле оставки, токму поради ова сценарио. За да се промени името а на јавноста да и се каже дека нема време за референдум.

Оставките на ДИК се потврда за сомнителните одлуки на мнозинството и мотивите заради кои се носеле
ВМРО ДПМНЕ уште на 15 октомври побара оставка од претседателот на ДИК Чичаковски заради неговата пристрасност и наклонетост кон СДСМ. Според нив тој донел неколку одлуки кои оделе директно во полза на владејачката партија.

И покрај тоа што според законот опозицијата секогаш има претседател на ДИК, на последните локални избори, кои ВМРО-ДПМНЕ не ги признава, за прв пат во македонската демократска историја, претседател на ДИК беше човек кој не доаѓа од најголемата опозициска партија, од која пак беше обвинуван дека е пристрасен во полза на СДСМ.

-Бараме оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, враќање на старото законско решение и избор на претседател на ДИК од редовите на опозицијата, бидејки под плаштот на независен експерт, всушност се инсталираше личност која не работеше правично и чесно, туку по инструкции на друг. – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ќе следи ли оставка и на генералниот секретар и на сопругата на Игор Милев ?
Освен работата на Чичаковски, во јавноста беше скандализирана и работата на генералниот секретар на инситтуцијата Добре Јанчев, чија сопруга е функционер на владејачката СДСМ. Јанчев беше обвининуван дека намерно ја кочи работата на ДИК во корист на СДСМ.

Сличен е и примерот со Игор Милев кој во ДИК е назначен по предлог на СДСМ. Неговата сопруга Тања Милева во октомври годинава беше поставена за судијка. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека со ова директно се крши законот за избор на судии.

„-Прекршен е законот за судови, во делот за избор на судии. Согласно со член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број бодови. Последниот избор на судии во Апелациониот суд во Скопје покажува дека за судии се избрани лица кои имаат помалку бодови и стаж од оние кои се повисоко рангирани. Зад наметката на реформи се врши избор на судии по теркот на Заев и СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This