СИТЕ ЌЕ МОРА ДА ПЛАЌААТ И ЗЕЛЕН КАРТОН: Патувале или не надвор од земјата, зелен картон ќе мора да платите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зелениот картон да не биде повеќе посебна полиса и посебна премија, туку да биде дел од полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возила, бара Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Според директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, Македонија треба да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон. Усогласувањето ќе подразбира и спојување на зелената карта со полисата за автоодговорност, каде пак, исто така, се најавуваат промени во делот на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност.

Македонија има регулирани цени за задолжителното осигурување и исто така е една од ретките држави која има политика на одделна полиса и цена за зелена карта и поради тоа постои забуна во јавноста околу концептот со зелена карта. Во земјите од ЕУ, меѓутоа во Србија, Црна Гора, БиХ, само не Албанија и Косово, зелената карта не претставува посебна полиса, туку таа е вклучена во цената на полисата на автоодговорност што се купува при регистрација на возилото. При тоа во овие земји се плаќа доплаток од пет до 20 евра за печатење на зелената карта, а не е тоа премија за зелена карта. Затоа во овие земји цената за автоодговорност е на повисоко ниво отколку во Македонија. Пример во Црна Гора е 125 евра, а кај нас 80 евра за патнички возила, но кога ќе се додаде и зелената карта тоа на некој начин ќе се доближи, појасни Попоски во интервју за МИА.

За тоа дали би се променила цената кога би се либерализирал пазарот, тој вели дека искуството од земјите што поминале како Хрватска, Бугарија, Романија и Албанија просечната цена имаше тренд на намалување, кој траеше и до пет години, но тогаш се констатира дека компаниите не можат редовно да ги сервисираат штетите предизвикани од сообраќајни нереќи и немаа доволно капитал да ги покријат штетите. Потоа, додава, Попоски, компаниите мораа да е докапитализираат и на таа сметка мораа да ги корегираат цените нагоре. На пример во Бугарија за 30 проценти се зголемени цените оваа година во споредба со лани.

Тој потенцира дека засега не се знае каков концепт ќе се примени, но може да се направи, како што вели, и да нема голема промена на цениоте. Тоа зголемување може да биде неколку проценти поени или може да биде за возила со мала кубикажа да има минимален пораст, додека кај другите возила со поголема кубикажа да има повисока цена. За моделот не може да се каже во моменот, тоа ќе го понуди Владата по направени анализи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This