СИТИГРУП: Масовен скринининг со тестови за присуство на антитела ќе врати илјадници Американци на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе поминат веројатно месеци, или подолго, додека имаме широко достапните лекови или вакцини кои ќе можат да го направат „Ковид-19“ помалку смртоносна закана. Но, при забелешката во средата, аналитичарите на Ситигруп тврдат дека тестирањето на антитела во крвта може да понуди враќање во нормалноста за многу Американци.

Тестовите користат мал примерок на крв за да бараат докази дека некое лице веќе било изложено на вирусот што кој што ја предизвикува болеста Ковид-19. Луѓето со позитивни тестови на антитела би можеле да бидат имуни на понатамошни инфекции од Ковид 19 , иако науката се уште истражува за тоа колку би биле имуни и колку би траел тој имунитет.

Управата за храна и лекови на 16 март соопшти дека ќе дозволи продажба на тестови за антитела без претходно одобрение. Овие тестови се повеќе достапни во странство и почнуваат да влегуваат на американскиот пазар.

Во својата забелешка од средата, Ендру Баум и неговите колеги од Сити тврдат дека 60% од вработените во САД може да добијат брзи, тестови за коронавирусот до крајот на овој месец и 95% до крајот на следниот месец. Позитивните тестови би можеле да дозволат до 400.000 работници кои претходно биле изложени, но и закрепнале од „Ковид-19“ да се вратат на работа. До јули, напиша Баум, 90 милиони би можеле да се вратат на работа со позитивни тестови или поголемиот дел од американската работна сила.

Сепак, некои компании веќе прават тестови за серологија „Ковид-19“, а властите во Обединетото кралство купиле повеќе од 3 милиони. Биомерика (БМРА) започна со испорака на вакви тестови на примероци кон средината на март, додека Хенри Шејн (HSIC) минатата недела рече дека компанијата ќе има „најмалку неколку стотици илјади“ тестови подготвени до 30 март.

Бројот на луѓе кои би можеле да бидат вратени на работа со позитивни тестови на крвта, зависи од тоа колку луѓе имаат недијагностицирани случаи на „Ковид-19“ во САД, број кој е непрепознатлив без широко тестирање на антитела.

„Големината на економското влијание од тестирањето на антителата САРС-КоВ2 зависи од моментално недефинираната популација на недијагностицирани пациенти, најверојатно меѓу 160 и 3,2 милиони само во САД“, напиша Баум.

Повеќето тестирања на „Ковид-19“ сега се спроведуваат со т.н. РТ-ПЦР испитувања, кои бараат вирусна РНК и брисеви, земени од носот на пациентот. Тие можат да кажат дали пациентот е заразен во тоа време, но се склони кон грешки и се смета дека создаваат значителен број лажни негативи.

„Тестирањето на антитела комбинирано со мерки на јавно здравје и PCR вирусно тестирање овозможува идентификација на антитела на SARS-CoV2 може да придонесат милиони да се вратат на работното место, со мал ризик од инфекција или пренесување на трети лица“, напиша Баум. „Ние проценуваме дека до 90 милиони американски работници би можеле да се вратат на работното место веднаш кон средината на мај, стабилизирајќи ја економијата и се надеваме дека на тој начин ќе избегнеме постојана депресија и сите нејзини негативни социјални последици (граѓански немири, зголемена смртност и сл.).“

Сепак, стратегијата не е безгрешна, како што забележува Баум. Точноста на тестовите не е потврдена од регулаторите. И лицето кои имаат присуство на антитела на вирусот во крвта, не мора да значи дека се имуни на инфекцијата. Исто така, Баум истакна дека имунитетот најверојатно се намалува со текот на времето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This