April 24, 2024, 10:24 am

СИТУАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ОПАСНА: Лавров со предупредување до Западот за опасноста од конфликт во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги предупреди западните земји на заострување на ситуацијата во Македонија
lavrov_sputnik

„Во Македонија во моментот е исклулително сложена ситуацијата, можеме дури и да ја наречеме своеврсна крза, која со многу постапки вештачки предизвикана и која води кон општествена поделба“, рекол тој.

Лавров изразил надеж дека „Западот ја разбира опасноата од ситуацијата“.

Кога станува збор за Црна Гора, Лавров рекол дека жали што таа земја одлучила да влезе во НАТО.

„Црна Гора попушти пред ултиматумот – или Русија или НАТО. Таа се одлучли да го занемари економскиот аспект и да ги жртвува односите со Русија. Нека таа одлука биде на совеста на црногорските лидери и раководители на НАТО. Меѓутоа, апсолутно е несватливо како членството на Црна Гора ќе допринесе кон зголемување на безбедноста на НАТО“, додава тој.

Рускиот министер за осврнал и на проблематиката на целокупниот балкански регион, особено кога станува збор за наводните провокативни дејстија на Русија, велејќи дека „сите нормални врски со балканските земји и Русија стануваат причина за загриженост кај одредени официјални претставници кои тоа го коментираат како мешање на Русија во внатрешните прашања на Балканот“.

„Ние не се плашиме од такви изјави, нашите ставови се поклопуваат со ставовите на многу земји на Балканот“, рекол Лавров.

Лавров исто така обрнал внимание и на обвинувањата упатени кон Москва на сметка на мешањето во изборните процеси во други земји, и нагласи дека Русија со тоа не се занимава.

„Ние не се мешаме во внатрешните прашања на други земји, помеѓу останатото ниту во изборните процеси. Се вчудоневидувам секој пат кога ќе прочитам во весниците потполни измислици за наводно мешање во изборите во Франција или Германија“, рекол тој.

Лавров додал и дека Русија ќе се однесува со апсолутна почит кон резултатите од изборите во Франција и Германија.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This