СИТУАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЗОВРИВАЊЕ: Судовите под притисок да судат политички и да ослободуваат осудени терористи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија врие. Терористи, тешки криминалци, убијци, разбојници и крадци се на слобода, а во затвор се наоѓаат невини луѓе и патриоти.

Откако СДСМ дојде на власт, судовите се под неподнослив притисок да судат политички и по партиска директива.

На Заев не му се суди за поткуп иако на очиглед на целата јавност излегоа несоборливи докази дека го прави тоа.

Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу излегуваат од затвор кога власта тоа ќе го посака.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Сејдиу повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години.

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Анѓушев исто така е на слобода. МВР го криеше неговиот идентитет подолг период, доволен за убиецот да се даде во бегство.

Разбојништвата и тешките кражби во Македонија станаа секојдневие. Граѓаните оправдано живеат во страв, но овие насилници ги повторуваат делата затоа што никој не ги казнува.

Граѓаните се жртви и на рекет бидејќи рекетарите блиски до СДСМ добија сила да прават што сакаат.

Овие луѓе се на слобода, но во притвор се сместени лица кои на 27-ми април сакаа да ја одбранат својата земја. Тие од патриотски побуди влегоа во македонското Собрание и го кренаа гласот против пеењето на албанската химна во законодавниот дом и нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

СДСМ не бира средства во борбата со неистомислениците. Освен екс министерот за внатрешни работи, светски познат оперски пејач, врвен актер, режисер… во притвор отидоа и шест пратеници на македонската опозиција.

Судовите прогласуваат патриоти за терористи, а вистински терористи пуштаат на слобода.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This