April 26, 2024, 10:51 pm

СИТУАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Од Вашингтон со загрижувачки тонови – ако трнеме во напад ситуацијата може да излезе од контрола!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД се загрижени дека доколку се случи воен напад врз Сирија, како одговор на сомневањата за напад со хемиско оружје, ситуацијата би можела да “ескалира надвор од контрола”. Токму поради Вашингтон во овие моменти е многу по внимателен.

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, изрази загриженост пред Конгресот откако изјави дека верува дека хемискиот напад се случил и дека на таквиот напад не смее да не се одговори.

“Имаме тактичка загриженост дека невини луѓе – ние не сакаме никакви цивилни жртви и ќе сториме сé што е човечки можно за да го избегнеме тоа. Се обидуваме да го спречиме убиството на невини луѓе. Но, на стратешко ниво, прашањето е како да ги спречиме овие настани да ескалира надвор од контрола “, изјави Матис пред Комитетот за Вооружени Сили.

Прес-секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс, исто така беше претпазлива, бидејќи претседателот Доналд Трамп се сретна со својот тим за национална безбедност.

“Ние тврдиме дека имаме бројни опции и сите тие опции се сеуште на маса. Конечните одлуки сéуште не се донесени на тој фронт”, изјави Сандерс за новинарите.

Опциите сеуште се дискутираат со сојузниците Франција и Велика Британија. Трамп зборуваше во четвртокот вечерта со лидерите на двете земји. Триото се согласи да се координира што ќе прави во Сирија договорот следуваше неколку часа откако британската премиерка Тереза Мај ја доби поддршката од владата да преземе акција за “одвраќање од употребата на хемиско оружје”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This