СИТУАЦИЈАТА СЕ СМИРУВА: Во Италија продолжува да се намалува бројот на cмpтните случаи од Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на cмртни случаи од коронавирусот во Италија денеска беше 55, што е намалување во однос на вчерашниот кога изнесуваше 60, објави денеска Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на новозарaзени со Ковид-19 денеска се зголеми за 318 во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 178.

Вкупниот број на cмртни случаи во Италија е 33.530, и земјата е на трето место во светот според оваа црна статистика после САД и Велика Британија. Бројот на заaразени со коронавирусот се искачи на вкупно 233.515, што е шести највисок број во светот. Од 318 новозaразени, 187 се во северниот регион Ломбардија, кој беше најтешко погодено од епидемијата. Од утре во Италија ќе биде дозволено движење низ целата земја, поради што некои регионални гувернери се плашат дека луѓето од Ломбардија ќе зaразат луѓе во други региони. Од коронавирусот во Италија се излекувале вкупно 160.092 лица, а досега се тестирани 2,477 милиони луѓе.
Во Италија продолжува да се намалува бројот на cмртните случаи од Ковид-19

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This